Принцот Филип веќе трети ден е во болница.
„Принцот овие денови се чувствува подобро и му се врати смислата за хумор“, тврди извор близок на кралското семејство.
Војводата од Единбург се наоѓа во приватна болница откако неколку дена не се чувствувал добро.
Извор близок на семејстовото вели дека тоа се преземени само мерки за претпазливост и дека не се работи за коронавирус.
Во офицајлната изјава на кралското семејство пишува:
„Неговото кралско височество, војдовата од Единбург во вторник вечер е примен во приватна болница во Лондон. По советите на лекарите, станува збор за претпазливост бидејќи војводата не се чувствуваше добро. Се очекува принцот да остане во болница уште неколку дена“.
Принцот Филип на 10 јуни ќе наполни 100 години.