Принцот Филип, сопругот на Елизабета имал сообраќајна несреќа која се случила во близина на кралскиот имот, соопштија од Бекингемската палата.
„Принцот Филип учествуваше во сообраќајна несреќа со два автомобили. Тој не е повреден, несреќата се случила во близина на имотот Сандригем“ пишува во соопштението.
Автомобилот кој го управувал принцот по ударот се превртел на страна, а според зборовите на сведокот војводата бил многу вознемирен.
По сообраќајката доктор го прегледал принцот и тој се наоѓа на кралскиот имот.