Радио Милева

Принцот Чарлс ќе глуми во новиот филм за Џејмс Бонд

Принцот Чарлс ќе глуми во новиот филм за Џејмс Бонд

Принцот Чарлс добил понуда да биде дел од филмот за Џејмс Бонд. Продукцијата му понудила улога, а сега треба тој да одлучи дали ќе прифати, пишува „Тhe Sun“.

Продуцентите и режисерите на филмот „Бонд 25“ се надеваат дека принцот ќе ја прифати нивната понуда и дека ќе има улога во филмот.

фото: реутерс

Тие знаат дека тоа ќе ја зголеми гледаноста на филмот.

Неговите синови, принцот Вилијам и Хари веќе имаа прилика да се пробаат во актерството. Тие имаа прилика да глумат во „Војна на ѕвездите“, но на крајот нивните сцени беа исфрлени бидејќи се премногу високи.

На социјалните мрежи корисниците се шегуваат дека таа улога треба да им ја дадат на Меган Маркл бидејќи таа има искуство.

To top