Во последно време медиумите често пишуваат за недоразбирањата во кралското семејство, односно меѓу принцот Вилијам и Кејт Мидлтон со принцот Хари и Меган Маркл.
Наводно, причина за нивната кавга е преселувањето на Меган Маркл и принцот Хари од Кенсингтонската палата.
Меѓутоа, на еден форум кој е формиран во 2009 година, принцевите проговорија за недоразбирањата кога водителката ги праша како е да се биде во иста професија.
Принцот Вилијам одговори дека имало меѓу нив недоразбирања, но Хари истакна дека се тоа се „здрави недоразбирања“.
„Тешко да најдете аргументи кои одат доаѓаат и поминуваат брзо, но мислам дека тоа е добро. Имаме четири различни личности и сите имаме страсти да направиме нешто различно.Имаме различни мислења, па мислам дека е добро што работиме заедно. Да работите како семејство е предизвик. Заедно сме во ова до крајот на животот“ вели принцот Хари.