Радио Милева
максимално натурално

Прилично комфорна: Дани по гаќички… без шминка и фотошоп! (ФОТО)

Прилично комфорна:  Дани по гаќички… без шминка и фотошоп! (ФОТО)

Музичките ѕвезди најчесто во јавноста се појавуваат со однапред дотерани фотографии по нивни вкус. Од позата, до фотошопот, изгледот мора да биде таков што пејачот или пејачката треба да си се бендисаат дека се „најубави на свет“, пред да одобрат фотографијата јавно да се појави.

Арно ама, социјалните мрежи и паметните телефони го направија своето, па се’ почесто гледаме аматерски слики, селфија, папарацо фотки… што и не е така лошо, зашто народот има право да знае, како всуштност навистина изгледаат нивните идоли. Овие пак, како тоа полека да го прифаќаат, па знаат „да се истрчаат“ и со понекоја фотографија, што порано ни за жива глава не би ја пуштиле во јавност!

Така на пример, поп-рок пејачката Дани Димитровска реши да го овоековечи своето „удобно чувство“ во домашен амбиент, со неколку фотографии… без шминка и без фотошоп!

Пејачката максимално се опушти, па се фотографираше по гаќички… Бели, со црвен ластик и ситни црвени точки! Од половина нагоре во брендиран дуксер со качулка, веројатно заради спонзорски причини!  Од половина надолу – очигледно, прилично комфорна.

Дури ни стриите и набраната кожа околу стомакот, веројатно последица на наглото слабеење, пејачката не ги сокрила, па се гледаат на една фотографиите.

Ама ако! Ако веќе треба да е природно, нека е… максимално натурално!

 

 

Останати вести од Радио Милева