Мегафон „мајмунче на шопинг“

Прилепската чаршија ве кани: „Прилеп аутлет викенд” на 17-ти и 18-ти февруари

Прилепската чаршија ве кани: „Прилеп аутлет викенд” на 17-ти и 18-ти февруари

Прилепската чаршија се подготува за еден од најголемите шопинг настани „Prilep OUTLET Weekend”, планиран на 17-ти и 18-ти февруари. Во шопинг настанот се вклучија над 200 продавници од прилепската чаршија: бутици за облека и обувки, детски бутици, парфимерии, кафетерии, продавници за бела техника… а, се добредојдени и сите останати трговци и угосители во Прилеп.

Идјата е Прилеп да претставува голем шопинг центар, шопинг мол на отворено, каде купувачите од сите градови на Македонија ќе уживаат во шопинг попустите до 70% кои ќе ги понудат трговците, во интересните забавни содржини кои ќе се случува во старата прилепска чаршија кај Саатот, во центарот на Прилеп на плоштадот „Методија Андонов – Ченто„ и на плоштадот „Итар Пејо”, а за најсреќните купувачи ќе следат и вредни награди.

Со цел купувачите да знаат каде да пазарат, продавнците кои се дел од настанот ќе бидат обележани со посебен ознака, велат организаторите. „Нашиот амблем е мајмунче. Знаменцето со „мајмунче на шопинг“ и постер ќе ги краси нашите продавници и тоа ќе биде препознатлив знак. А, за муштериите ќе има попусти на секое ќоше“ – порачуваат прилепские трговци.

Настанот „Prilep OUTLET Weekend” е поддржан од Локалната Самоуправа на Општина Прилеп. Во инетерес на посетителите и купувачите, градот ќе обезбедува паркинг простор за сите кои ќе пристигнат во Прилеп со своите автомобили, по цена на дневен билет за паркинг, 50 ден.

To top