Радио Милева Треба да те има:

Прилепчанката Жаклина – Жаки ве става на „слатки маки“: Црно под бело па не се гледа… само се насетува! (ФОТО 18 +)

Прилепчанката Жаклина – Жаки ве става на „слатки маки“: Црно под бело па не се гледа… само се насетува! (ФОТО 18 +)

Македонија можеби ги нема Станија, Сораја, Тијана – Ајфон, Сандра – Медуза… и останатата плејада од српската ергела на познати ТВ старлети, ама тоа не значи дека сме „за фрлање“ на тоа поле. Напротив, социјалните мрежи вријат или поточно „горат“ од фотографии  млади, убави, згодни, сексапилни, заводливи и пожелни Македонки, кои ја демнат својата шанса и подготвени ги чекаат своите „5 минути“, за да бидат „катапултирани“ во јавноста. После тоа е се полесно… Кога веќе си помалку или повеќе познат, поинаку гледаат на тебе. Всушност тие те гледаат исто, ама ти поинаку гледаш и на нив и на себе, зашто тогаш си на цена! А за цената постојано да ти биде висока, односно за постојано да те ценат зашто високо котираш, постојано мора да си различна, поинаква, попривлечна… и што е најважно, постојано присутна. Или што би рекле, треба да те има… и физички и во јавноста!

А неа ја има… И тоа постојано, на социјалните мрежи. Со нови фотографии, различни од претходните, помистични, повозбудливи, попримамливи…

Згодната прилепчанка, ТВ водителка и фото модел Жаклина – Жаки, со нова серија фотографии на својот Фејсбук профил повторнио ја разгоре машката и не само машката мечта… Заради неа многумина имаат „бурна ноќ“… во мислите. Или поточно немаат мирни сништа !

Доволно разголена, а сепак прекриена со бел плетен шал, Жаки буди дилеми: „Носи ли нешто на себе под белата плетка, сексапилната моделка“?

Тоа што не може да се види , а само се наѕира, може само да се претпостави. Црно под бело па не се гледа… само се насетува! Секако, во прашање е долната облека на згодната прилепчанка.

За оние што не веруваат, Жане Блонд има уште фотографии за да ги разубеди… Црно на бело!

Убавината и привлечниот сексапил е она нешто што е во прв план и што кај неа се гледа  оддалеку. Останатото е… во сенка!  Црно под бело, па не се гледа… Само се насетува!

 

To top