Македонската фолк пејачка Сања Сани Гроздановска еднаш беше позитивна на Ковид – 19 и го прележа во домашни услови. Заради природата на работата Сани решила сепак да се вакцинира, но еден ден откако ја примила првата доза на вакцината, не се чувствувала добро. Се посомневала во симптомите и веќе наредниот ден заминала да се тестира, а тестот покажал дека пејачката е повторно позитивна на коронавирусот.
Сани најпрвин завршила во болница, но бидејќи немала посериозни проблеми и тешки симптоми, по дадената терапија и лекарските препораки, била пуштена на домашно лекување, но во задолжителна изолација!
Карантинот е „нужно зло“ кога е коронавирусот во прашање, особенно за темпераментни и живи личности како што Сани, која „место не ја фаќа“ и за која важи онаа народната: „Вода стои, таа не стои“! Арно ама, што се мора не е тешко, колку тешко и да треба да се поднесе – ќе се издржи.
За полесно да ги помине деновите на изолација, Сани си најде „нужна занимација“, каде ако не на социјалните мрежи, па ги повика своите фаниови и следбеници да и поставуваат прашања на кои таа ќе им одговара.
А тие како едвај да дочекаа, па во прашањата имаше се и се’што: Од пораки да биде цврста и храбра, да издржи, преку оние за што побргу оздравување, барања за исполнување онлајн музичка желба, па се’ до желби за таканаречените „непристојни предлози“ и „скокотливи понуди“ до пејачката во карантинот. А Сани како Сани, на сите знаеше да им одговори, заблагодари, удоволи… Со порака, емотикон, песна… Чарето им го најде дури и на оние „непристојните“, се разбира во рамките на „пристоен одговор“.
Еве како изгледаше дел од нејзината онлајн преписка, муабет и песна од карантинот со нејзините следбеници на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм принтскрин/sani.grozdanovskasanja