Радио Милева најтажната љубовна екс ЈУ приказна

Приказна за Јосипа Лисац и Карло Метикош и „Дневникот на една љубов“ (ФОТО)

Приказна за Јосипа Лисац и Карло Метикош и „Дневникот на една љубов“ (ФОТО)

“Ти си она што отсекогаш сум го сакала, два живота поврзани во дела“. Овој стих од песната “Мојата магија”, моќна балада, набиена со чиста емоција и потресна искренос, која Јосипа Лисац ќе и ја посвети на  нејзината вечна љубов, покојниот уметник, музичар и нејзин љубовник, човекот на нејзиниот живот Карло Метикош.

„Една од“, бидејќи Јосипа често укажува дека сите нејзини песни се посветени на Карло. Нивната љубовна приказна е една од неколкуте кои веќе влегоа во антологијата на екс-ју уметноста.

Парот ја започнал својата љубовна приказна на 19-ти февруари во вечерните часови. Јосипа штотуку зачекорила во дваесеттата година, несфатена девојка, изгубена на музичката сцена, што со восхит и недоверба гледала во пејачот со неверојатен глас и необичен изглед.

Од друга страна, Карло Метикош веќе беше музички авантурист, познат под псевдонимот Мет Колинс, рокер, кој ќе се појави на улиците на Париз, кој преку ден спиел на отворено мод мостовите на Сена, живеел меѓу скитници, во потрага по ангажмани.

И кога тезгите дојдоа, го одведоа од Советскиот Сојуз, преку Иран до Етиопија. Патем, се верел повеќе од 20 пати: за една грофицата, неколку манекенки, ќерката на еден генарал, за келнерки …

Но сето тоа се промени од корен при еднао враќање во Петриња, каде што се запознаа со Јосип на настап.

“Таа беше малку дебелка, симпатична, но феноменален пееше“ – ќе  рече еднаш за неа Карло. А првата плоча што Јосипа ја купила во животот е  плоча од Мет Колинс. Судбина …

Од тој момент, нејзината кариера стана поважна од неговата. Нивниот прв заеднички албум беше наречен “Дневникот на една љубов”, сосема соодветен, бидејќи нивните животи станаа токму тоа. Тој правеше музика за неа, а таа ја изведуваше онака, како што никој друг не би можел никогаш.

Заедно се стекнаа со слава, заедно останаа сосема различни и целосно свои, патувајќи и живеејќи ја  уметноста.

Карло умира млад, на крајот на 1991 година, на возраст од 51 година. Но, нивната љубов не умира никогаш. Уште  следната година, Јосипа организира концерт во негова чест, кој стана и остана традиција до денес. Заедно со неа се споменува Карло и неговото вечно присуство во нејзиниот живот и песни.

“Бракот  како да го изгуби својот идентитет, не можев да поднесам некој да ме нарекува сопругата … за Карло никогаш не бев неговата сопруга, туку само неговата Јосипа“ – ќе  одговори таа на едно од многуте прашања за тоа, зошто тие никогаш не се венчале.

To top