Александра Живојиновиќ два месеци по породувањето се врати на своите работни обврски, односно деновиве снимаше спот за својата најнова песна.
Бидејќи деновиве главна тема во сите медиуми е Евровизија, Пријовиќ откри што мисли за српската претставничка.
„Бидејќи легнав доцна, се подготвував за денес, успеав да погледнам нешто на телефонот. И честитам. Знам како пее, ја слушав и претходно. И честитам и посакувам се најдобро“ вели Александра.
Меѓутоа, деновиве во медиумите кружеа гласини дека наводно сопругот на Александра, Филип Живојиновиќ ја изневерувал додека била бремена.
„Со оглед на тоа дека сме заедно 24 часа, не знам како можел тоа да го направи. Можеби додека сум спиела. Ако му успеало, секоја чест“ вели снаата на Брена.
Александра и Филип од бракот го имат синот Александар кој има два месеци.