Александра Пријовиќ во март стана мајка на својот син Александар.
Набргу по породувањето, пејачката се врати на своите активности, односно издаде две песни, а веќе и настапува.
Пред камерите на порталот „Блиц“ таа откри дека нејзиниот син е многу мирно бебе, па така да нема проблеми со него.
На прашањето дали наскоро планира да има друго дете, Пријовиќ вели:
„Би сакала да почекам две, три години, но секако поради царскиот рез не можем порано, така да сигурно ќе поминат 2, 3 години додека родам второ дете“ вели Александра.
Пријовиќ вели нејзиниот сопруг и е голема поддршка, но дека знаат да се скарат.
„Секако дека некогаш имаме различни мислења, но ние одлично фунционираме, секогаш наоѓаме заеднички јазик и наоѓаме кое решение е најдобро. Компромис и толераниција се клуч за здрав однос“ вели Александра.
За потсетување, неодамна Александра и Филип беа на првиот заеднички одмор со синот.