Радио Милева со други приоритети

Пријовиќ ја одби понудата на сопругот: Филип и предложи на Александра улога која повеќето би ја посакале, но таа му кажа „не“

Пријовиќ ја одби понудата на сопругот: Филип и предложи на Александра улога која повеќето би ја посакале, но таа му кажа „не“

Филип Живојиновиќ имал идеја неговата сопруга Александра Пријовиќ да глуми во филмот „Зад камерата“, кој наголемо се снима, но таа ја одбила идејата.

Како што пишува Курир.рс, иако Александра веќе имала актерско искуство, во четвртата сезона од серијата „Убијците на татко ми“ нема да биде во овој проект на нејзиниот сопруг. Главна причина за тоа се бројните обврски што ги има околу кариерата.

Имено, иако и се допадна идејата и целосно го поддржува Филип, кој се посвети на овој филм, приоритет во моментов и е да работи на нов албум и да подготви голем концерт во Белградска Арена следната година. Покрај тоа, таа има однапред закажани настапи низ регионот и во дијаспората, а проект како што е филм бара опсежни подготовки, за кои сега нема време. Иако не сакала, таа морала да го одбие предлогот на Филип, што тој целосно го разбрал.

Инаку, заплетот на овој филм се одвива во планинските предели далеку од Белград, па Филип во последно време најчесто е отсутен од дома и времето го поминува на снимање. Роденденот го прослави и со филмската екипа, а во куќата на Бежанијска коса доаѓа само за кратко и тоа во ретки паузи за да ги види Александра и неговиот син кој многу му недостасува. Поради работата на овој проект, Филип не можел ни на краток одмор со семејството во Црна Гора, па Александра летово останала таму со синот и нејзината мајка.

Ова е главната причина што оваа брачна двојка во последно време не се појавува толку често заедно во јавноста, а во еден момент дури се појави и веста дека Филип се иселил од семејната куќа и дека не е се во ред во нивниот брак, што тие го демантираа кога изминатите денови се појавија на два јавни настани.

Филип во овој филм е зад камерата, а филмот е во режија на Петар Пашиќ, братот на Милица Митровиќ. Живојиновиќ во целиот проект ја вклучи и неговата полусестра Ива Накиќ, па се надева дека овој филм ќе има голем успех и ќе ги исполни кино салите.

Живојиновиќ е многу заинтересиран овој проект да биде успешен, бидејќи пред две години пандемијата на коронавирус му ги уништи плановите за мјузиклот „Чудесна година“ за кој беше планиран буџет од еден милион евра. Станува збор за мјузикл кој, според упатените, требало да биде нешто помеѓу „Мулен Руж“ и серијата „Хари Потер“.

фото:Инстаграм

To top