Откако во медиумите се појави вест за наводна кавга меѓу пејачките Александра Пријовиќ и Андреана Чекиќ, се огласи Чекиќ на својот „Инстаграм“.
Имено, во медиумите се појави вест дека наводно двете пејачки се во конфликт поради нивните мајки.
Наводно, Андреана го прекинала односот со Александра бидејќи наводно мајката на Пријовиќ, Борка го преземала момчето на мајката на Андреана.
По тој повод се огласија двете пејачки. Прво се огласи Александра која ги демантираше овие пишувања, потенцирајќи дека тоа се глупости и дека со колешката се виделе пред неколку дена.
„Па, тоа се глупости. Ние се знаеме 11 години, се дружиме, се видовме со Андрена пред неколку дена, нема кавги, тоа е чиста глупост. Ни мојата ни нејзината мајка не се во конфликт, не знам од каде тоа“, изјави пејачката.
Потоа, се огласи и Андреана Чекиќ.
„Не сум во конфликт со Александра Пријовиќ, ниту се скарани нашите мајки. Се убаво кажа во коментар.
Овие денови се и сешто прочитав за себе, прочитав и работи кои ни јас не ги знам“, напиша пејачката во „Инстаграм стори“.
фото: Принтскрин/инстаграм/драгана удовиќиќ/тамара трајковиќ/ата имагес