За долгогодишниот пријател на принцот Хари, 37-годишниот Џулс Робертс кој беше пронајден мртов на почетокот на месец август, се верува дека си го одзел живот.
Британските медиуми објавија дека принцот бил „вознемирен и во шок“, и иако не се појавил на погребот, тој испратил цвеќиња и сочувство до семејството на починатиот.
-Тој се запозна со Џулс во 2013 година, подготвувајќи се за добротворна посета на Јужниот пол. Според „Мирор“, тие веднаш се здружеле, а Џулс го научил Хари како да се справи и да преживее во поларни услови.
„Принцот е шокиран, тој не може да верува дека Џулс го нема“, рече анонимен извор за споменатиот медиум.
Џулс беше директор на добротворната организација „Шеригифт“, која работеше со Хари во неколку наврати, вклучително и интегрирање на воените ветерани.
Колегите со кои соработувал ќе посветат маратон низ Сахара следната година.