Слободанка Ракиќ Шефер позната академска сликарка учела осново образование со кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ, а сега откри непознати детали од неговото детство.
Како што вели за еден српски медиум, Шабан го запознала во петто одделние кога пејачот повторувал и бил префрлен во нејзиното одделние.
Како што вели, иако бил постар две години, сакал да седи во училишниот двор со два другари и да свира хармоника.
„Нашиот одделенски наставник беше строг и дрзок, но Шабан не беше безобразно дете. На тој човек му пречеше што свири усна хармоника, иако тоа Шабан го правеше надвор од училница. Шабан ќе седнеше на скалите и ќе свиреше, а каде и да одеше ние го следевме. Меѓутоа, тоа му пречеше на нашиот наставник и секогаш бараше некој од нас да го доведе. Никој од нас не сакаше да го послуша наставникот бидејќи Шабан беше дете кој никој не го вознимируваше. На крајот ќе мораа да го викнат домарот за да го доведе“ вели Слободанка и додава дека Шабан бил мирен на часовите.
„Седеше во последна клупа и немаше никакви книги. Гледаше што правиме и чекаше да завршат часовите. Никогаш не можевте да го видите како е немирен и да не го слуша наставникот. Дури и кога наставникот ќе го казнеше, Шабан мирно гледаше во подот, не сакајќи да одговори, ниту да се брани на било кој начин“ вели сликарката и додава дека Шабан заедно со мајка му, татко му и сестрите живеел во мала, трошна куќа.
За потсетување, Шабан почина на 17 февруари во тешка сообраќајна несреќа во Германија.