Пред точно три години почина легендарниот пејач Џеј Рамадановски, а неговиот пријател Зоран Јагодиќ Руле своевремено го опиша последниот ден на славниот естраден уметник.
Имено, како што истакна Зоран, тоа утро личело на секое друго и никој не можел ни да помисли дека токму на тој ден, 6 декември 2020 година, недела, Џеј, кој го сакаа сите генерации и чии песни се слават, ќе не остави.
– Тоа утро Џеј се разбудил околу 10 часот, со него во станот биле неговата пријателка Андријана и куќната помошничка Дара. Андријана отишла во продавница околу 14 часот, а Џеј ја замолил Дара да му ја проветри собата додека дреме, за да ручаат. Потоа го најдоа таков… – рече Руле.
Пејачот зад себе остави бројни хитови кои и ден денес се пеат.
View this post on Instagram
Важеше за еден од најпопуларните естрадни уметници, а збогувањето со него траеше со денови. Неговата сакана му посвети мурал и посебна вечер на која присуствуваа пријателите, семејството и сите верни обожаватели.
Да потсетиме, по средбата со Марина Туцаковиќ, тој реши да го направи првиот сериозен чекор во пуштањето музика. Со песната „Да ти ги избришам солзите“ учествува на фестивалот МЕСАМ во 1987 година и го освои второто место. Во текот на 1990-тите, беше популарен низ поранешна Југославија, а особено во Србија, Македонија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Додека беше на врвот на својата популарност, тој патуваше во странство (во Германија, Шведска, Канада, САД…)
Џеј, исто така, се појави во филмот од 1989 година „хајде да се волимо 2“, каде што изведе една од неговите популарни песни во тоа време, “Слажеш ли се ти”.
View this post on Instagram
На Гранд фестивалот во 2008 година го освои второто место со песната „Имати па немати“.
Во текот на својата богата кариера, Џеј соработувал со многу луѓе од музичкиот свет. Неговите најголеми хитови се напишани и продуцирани од; Марина Туцаковиќ и Александар Фута Радуловиќ, Драган Брајовиќ Браја, Катарина Јованиќ Каќа, Пеца Милиновиќ, Злаја Тимотиќ, Весна Петковиќ, Зоран Тутуновиќ, Енџи Мавриќ, Сава Бојиќ, Златко Јапаќоќ…
фото: Instagram printscreen/ dzej_ramadanovski