Фолк ѕвездата Александра Пријовиќ го „збудале“ целиот регион, а на турнејата „Од исток до запад“ досега одржа по три спектакуларни концерти во Белград, Ниш и Сараево. Приходите на Александра Пријовиќ од петте концерти во Загреб, кои ги одржува деновиве се милионски, велат упатените.
Таа оддамна ги распродаде сите пет настапи, а според еден наш познат менаџер, кој сакаше да остане анонимен, во Белград ќе се врати многу побогата.
„Најевтиниот билет за концертот во Загреб чинеше 25 евра, а најскапиот 130, колку што беше потребно да платите за ВИП-ложата. Капацитетот на Арената во Загреб сосе партерот е 22.000 седишта, но поради 150-те шанк маси, кои се предвидени за концертот на Александра, таа секоја вечер ќе пее за 17.500 луѓе или вкупно 90.000 луѓе за пет концерти. Тоа значи дека во пет Арена Александра ќе инкасира 2.780.000 евра“ – вели менаџерот за забава и додава дека од таа сума треба да се одбијат трошоците за закуп на салата, данокот и другите потреби:
„Изнајмувањето на Арената чини 25.000 евра дневно, што значи дека за пет дена Прија за неа издвоила 120.000 евра. За опремата, продукцијата, бендот, танчерите и костимите потрошила околу 150.000 евра, плус данокот што треба да и го плати на државата. Според мои проценки, по пет вечери во Загреб, Александра ќе се врати во Белград побогата за околу 2.500.000 евра! Сепак ова треба да се земе со резерва, бидејќи Прија само за гардероба велат дека потрошила 50.000 евра.
Пејачката само за едно сако од модната куќа „Александар Меквин“ платила бедни 16.000 евра, за црни панталони од истиот бренд платила 1.890 евра, а за блејзер 2.170 евра. За црното кожено здолниште на истата модна куќа, во кое го отпеа својот хит „Дам, дам, дам“, платила „околу“ 4.000 евра, а темниот горен дел 2.390 евра. Прија за време на концертот донесе уште една креација на познатата модна дизајнерка, за која потрошила дури 7.523 евра.
Како и да е заработкаста на Прија по концертната турнеја низ регионот ќе биде милионска!
Фото: Инстаграм/aleksandraprijovic