Радио Милева
тревога на Тајланд

Прија со денови чувствувала мачнина и се посомневала дека е пак бремена: Ново бебе во семејството Живојиновиќ или…? (ФОТО)

Прија со денови чувствувала мачнина и се посомневала дека е пак бремена: Ново бебе во семејството Живојиновиќ или…? (ФОТО)

Иако лекарите и забраниле да затрудни две години по раѓањето на првото дете, Александра Пријовиќ посомневала дека можеби останала повторно бремена.


Имено, Лепа Брена организирала скап семеен одмор за сите да уживаат на далечната, егзотична дестинација, но на  Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ за малку „ќе им преседнел“ одморот на Тајланд.

„Александра забележала некои чудни симптоми во Тајланд и била многу исплашена. Нејзината прва помисла била дека повторно е бремена, иако нема ниту една година откако се породи. Лекарите и рекоа дека не смее да остане во „блажена“ состојба барем наредните две години, откако се породи со царски рез. Но, откако со денови  чувствувала гадење, мачнина и малаксаност, таа му се пожалила на Филип, а тој на шега и рекол дека сигурно е бремена.

Прија се исплашила од оваа можност, па го испратила во аптека веднаш да купи тест за бременост. Но, таму каде што престојувале, не било лесно да го најдеш. Во аптеката на нивниот хотел го немало, па Филип морал да изнајми автомобил и да тргне во потрага. Сепак на крај се испоставило дека се работи за „лажна тревога“ и дека стомакот на Прија само реагирал на некоја храна.

Таа потоа се смирила, а на Филип по малку му било криво, зашто икао знаел дека поради нејзиниот царски рез, сè уште не е време за второ дете и дека Александра едвај чека да му се врати на пеењето, тој потајно многу сака да добијат ќеркичка“, пишува српски Свет.

Останати вести од Радио Милева