Радио Милева која си ти?

Прија отвори душа: „Пред да се омажам мислев дека Брена живее живот како на филмови“ (ВИДЕО)

Прија отвори душа: „Пред да се омажам мислев дека Брена живее живот како на филмови“ (ВИДЕО)

Нејзе животот и беше „лизгав под“. Таа „им должи два животи“ на своите родители, баби и дедовци, а раѓањето на детето е нејзино „неповторливо“ искуство. Имаше и лоши избори во љубовта, „(не) сакани грешки“, но сега е во среќен брак и љубов со Филип Живојиновиќ, со кого го има синот Александар.

Таа е посветена мајка и сопруга, но една од најуспешните пејачки со голем број хитови, иако има само 26 години. На прашањето „Кој си ти?“, Александра Пријовиќ одговара:

„Јас сум како и секоја друга девојка, единствената разлика е во тоа што поради природата на мојата работа, се појавувам во медиумите, снимам емисии, видеа, имам настапи и затоа сум позната на пошироката јавност. Надвор од камерите и медиумите, мојот приватен живот не се разликува од животот на повеќето жени. Посветена сум на домот, сопругот и синот и се соочувам со истите проблеми како и повеќето луѓе“ – одговара Прија.

Пред да се омажам, замислував дека животот на Брена  е живот од филмови. Таа беше најголемата sвезда на овие простори, па отсекогаш мислев дека живее живот што е непоимлив и недостижен за нас, а излезе дека таа е една од најнормалните жени, исто како и мајка ми.

„Кога одам на настап, синот ми вели: „Мамо, дали ќе пееш? И јас сакам да пеам “. Тогаш ќе ми е многу тешко зашто морам да се разделам од него, особено што постојано сум со него последнава година“ – вели Пријовиќ.

Фотот: Инстаграм принтскрин/aleksandraprijovic

To top