Радио Милева Домаќинско маало...

Прија не излегува од дома, а Филип постојано оди во маалското дуќанче: Само што се доселија во новата куќа, соседите веднаш ги „скенираа“!

Прија не излегува од дома, а Филип постојано оди во маалското дуќанче: Само што се доселија во новата куќа, соседите веднаш ги „скенираа“!

Александра Пријовиќ и Филип Живоиновиќ, кои неодамна станаа родителите на малиот Александар, својата семејна оаза ја најдоа во крајот, каде што живеат голем број познати личности: Саша Поповиќ, кеба,  Ацо Пејовиќ, но и Лепа Брена – белградската населба Бежаниска Коса.

„Јас не ги знам лично, и тука сум само околу работата на вратата. Имаа поевтина, па  одлучија да стават нова, посигурна и на тој начин дополнително да ја обезбедат куќата. Јас не сум ги сретнал, работам за  компанијата која ме ангажира” – рекол  работникот кој излегол од нивната куќа.
Соседите велат дека често ја гледаат мајката на Филип, Зорица и мајката на Пријовиќ,  Борка, кои се преселија да се грижат за внукот. Сепак,  брачната двојка – не ја виделе.

„Често излегуваа на прошетка во паркот, додека Александра беше бремена. Или ако Филип не беше дома, таа излегуваше сама. Откако се породи, не сум ја видел. Најверојатно бебето е се’ уште мало, така што не може да го остави, но јас сум сигурен дека ќе излезе штом времето ќе се потстопли“ – вели еден сосед.
Неколку десетици метри од домот на популарниот пар има продавница, во која синот на Боба Живоиновиќ и Лепа Брена посинок редовно привлекува.

„Често го гледам Филип, Александар не доаѓа. Кога Филип ќе влезе во продавница, сè мириса на парфем. Тој купува различни нешта и храна, како и домашни потребштини. Многу е културен и воспитан, секогаш  зборува со насмевка. Секогаш остава и добар бакшиш, а еве само неколку дена разговаравме и за Александра. Тука кај нас доаѓаат бројни познати личности: Чола, Кеба, Лукас, Пејовиќ …“ –  се сеќава  низ насмевка продавачката Мира.

Соседите ја фалат младата двојка, а некои од нив дури и ги виделе Лепа Брена и Боба како доаѓаат повеќепати со полни раце подароци.

To top