Радио Милева

Преживеала кобна ноќ: Сосетка со нож ја нападнала Јелена Голубовиќ!

Преживеала кобна ноќ: Сосетка со нож ја нападнала Јелена Голубовиќ!

Јелена Голубовиќ и нејзиното семејство преживеале вистински стрес, кога во понеделникот вечерта во зградата во која живеат се појавила нивната сосетка со нож во рацете.

„Жената дојде со нож и ме нападна. Таа беше во притвор. Баба ми плаче цел ден. Баба ми од 94 години ми вели „Јас ќе одам со тебе секаде“. Сите плачат. Мајка ми не спиеше цела вечер, јас спиев само 2 часа. Цела зграда не спиеше. Пола од соседите се на наша страна, пола на нејзина, вели Голубовиќ за Пинк.

фото: рас србија

Јелена вели дека доцна во ноќта на балконот тивко зборува со нејзина другарка кога се појавила сосетката. Јелена и рекла да се смири, а таа и се заканила дека ќе ја убие.

фото: рас србија

„Почна да ми вика дека ќе ме убие. Таа не зборува со мајка ми веќе една година. Да не се појавеше полицијата мислам дека нејзиниот сопруг ќе ме убиеше“, вели исплашената пејачка.

Јелена планирала да замине на одмор заедно со момчето, но морала да го откаже патувањето бидејќи се плаши за безбедноста на нејзината мајка и баба.

To top