Авионот на првата дама на САД, Меланија Трамп бил принуден да се врати во базата во Мериленд откако се појавил дим во кабината.
Околу 15 минути по полетувњето кабината почнала да се полни со дим и се чувствувало како нешто да гори, изјавиле новинарите кои биле во авионот. Тие истакнале дека послугата на патниците им додала пешкири за да ја стават преку лице.
„Се е во ред и сите се сигурни“ изјавила потпаролката на Првата дама на САД.
Авионот требало да лета за Филаделфија, каде што Меланија Трамп во склоп на кампањата „Биди најдобар“ требало да ја посети универзитетската болница Томас Џеферсон.