Манекенка Јована Вентура, која пред четири години се прослави по љубовната врска со поп-ѕвездата Џастин Бибер, се одмара во Мајами, каде е фотографирана со неодоливо издание на плажа.
Нејзиното извајано тело остави без здив многу од припадниците на посилниот пол.
Љубовта меѓу атрактивната манекенка и славниот пејач сега е минато, но таа не е заборавена од јавноста.
Нејзините провокативни фотографии на Инстаграм секојдневно ги следат повеќе од пет милиони обожаватели кои се восхитуваат на нејзината убавина.