Радио Милева приземјен...

Презентерот на временската прогноза на ТВ Сител се пофали дека е најдобриот на сите времиња, ама брзо го „приземјиа“: Кој му го „спушти“ на Спасе – Рола… „до бола“? (ФОТО)

Презентерот на временската прогноза на ТВ Сител се пофали дека е најдобриот на сите времиња, ама брзо го „приземјиа“: Кој му го „спушти“ на Спасе – Рола… „до бола“? (ФОТО)

Него го гледате речиси секоја вечер во информативните изданија на „ТВ Сител“, иако не е ниту информативец, ниту новинар… Да, порано бил и тоа естраден, во некогашниот магазин „Македонски свет“.

Денес, Спасе Јовановски е познат како еден од презентерите на временската прогноза на ТВ Сител.

Естрадниот свет и неговите кругови повеќе го познаваат како „помошникот“ на Лила Филиповска, момчето кое многу често и дома и на патувањата ја придружува, и и’ придржува – од чантата, до наметката или чадорот, и прави друштво, и помага, и служи како рамо за плачење или потпирање…

Некои безобразно тоа го нарекуваат „потрчко“ или на македонски: момок, измеќар и слично, иако блиските нему и на водителката тврдат дека Спасе со уметнички прекар „Рола до бола“ и Лила се само најдобри другари.

Нејсе, кој во што сака може да верува, ама Спасе -„Рола“ е вистински шмеќер на ТВ екранот. Така барем самиот си се пофали на социјалните мрежи, споделувајќи колаж фотографии од пред екранот каде ја презентира временската прогноза и кажува какво било денес и какво ќе биде времето утре и во наредните денови.

Арно ама, Спасе како да заборавил дека ниту Сител не е единствена телевизија, ниту пак тој е единствениот презентер на времето што се појавил на неа. Покрај него сега тука се уште и неговите колеги Анкица Јосифовска – Ангелковска и Љубиша Ристески, но нив Спасе по се изгледа и не ги есапи за сериозна конкуренција, па се самопрогласи за „најшмеќер“ на сите времиња.

Сепак, дека и пред самопрогласениот „папа имало папа“, го потсетија некои од неговите пријател(к)и на Фејсбук.

Имено, во еден од коментарите на неговото „самобендисано крунисување“, се најде некој што на „шмеќарот му го спушти“ или поточно, „го спушти на земја“.

Една фотографија од легендарниот „дедо Трајко“ односно  (без)временскиот, за жал сега веќе покоен презентер Трајче Андонов, го замолкна најмладиот меѓу актуелните на ТВ Сител.

Покрај истата беше напишано: „Грешка си Спасе“, што беше доволно пријателката да му го… „спушти“ на Спасе – Рола… онака елегантно – „до бола“!

 

 

To top