Презентерките на временската прогноза како по некое непишано правило се едни од најубавите ТВ водителки по телевизиите насекаде во светот, па така и во соседна Бугарија.
Нора Шопова, доскорешната презентерка на времето на бугарската ТВ „Нова“ осамна топлес на социјалните мрежи, поточно на нејзиниот Инстаграм профил.
Убавицата позира од половина нагоре гола, само со хеленки, демонстрирајќи ја нејзината убавина и женственост.
Со текот на времето, убавицата се чини дека се подобро изгледа, а како наближува пролетта, таа се повеќе цути.
Она што ја натерало Нора да си замине од Нова ТВ остана нејасно?!
Шопова само рече дека не ги добила потребните нешта кои и биле неопходни. Откако се откажа од својата работа како синооптичар, Шопова има нови идеи за иднината што сè уште не ги открила.
Но затоа откри половина од своето манекенско торзо… Втората половина ни ја должи!
Извор: Хотњуз.бг
Фото: Инстаграм принтскрин