Елена Манојловски е однеодамна лице од ТВ екраните. Доколку сакате да дознете какво ќе биде утре времето или пак во текот на следните неколку дена, погледнете ја нејзината временска прогноза на ТВ Телма. Само внимателно и со усул, што велат старите, за да не ви се случи да се загледате во презентерката, па да заборавите на времето и на плус 40 да излезете надвор со чадор!
До душа, може ќе ви се најде да се заштитите од сонцето. Но, ако покрај временската прогноза го погледнете некој од нејзините профили на социјалните мрежи,а ќе видите дека Елена не е „пеколно секси“ само на работа.
Утрото и почнува со првото утринско кафенце кое пиејќи го онака задоволно, со полураскопчан тексас шорц покажува дека е подготвена за… нови работни предизвици!
Времето не чека никого, а временската ја чекаат сите, па Елена и на работа дотерана, стокмена, средена, покажува што е тоа елеганција спакувана во сексапил: Модерно мини фустанче до препони и прекрстени долги нозе за… пораст на температурата! Зашто, од она што презентерката на временската прогноза на „Телма“ покажува дека го има, жешко е и под клима!
Ама уште пожешко е надвор, особено кога Елена ќе се соблеча на плажа.
Едноделен костим за капење или бикини, на море, езеро или крај базенот, погледот кон Елена ќе ви го разубави денот!
Ако не ви е доволно, погледнете уште некоја бикини поза, на згодната презентерка на временска прогноза.
А можете и да ја зголемите својата визуелна доза, со тоа што ќе ја погледнете вечер нејзината временска прогноза.
Само, внимавајте да не претерате со дозата, па да заборавите на прогнозата и среде лето да се прошетате со шалче и ракавици!? Или што е уште за поголемо мајтапење, среде зима да излезете во косим за капење!