Радио Милева драма...

Презентерката на вести Маја Жежељ и гледаше на смртта в очи: Се’ започна неколку минути пред ТВ Дневникот… (ФОТО)

Презентерката на вести Маја Жежељ и гледаше на смртта в очи: Се’ започна неколку минути пред ТВ Дневникот… (ФОТО)

“Беше јасно: Немам слезина, имав проблем со некоја бактерија, не бев вакцинирана, бактеријата ме нападна, мојот организам не ги препозна и – крај“ –  се обиде Маја Жежељ во една реченица да ја објасни  ситуацијата што ѝ се случила во 2010 година.

Сè започна пред “Дневникот”.

“Тоа се случи пред почетокот на Дневникот и ‘се заврте за една минута! Немаше време да се повика некој да ме замени, па влегов во студио. Ми донесоа топла вода за да ме загреат, бидејќи се тресев. Јас се распаѓав, но Дневникот  не пропадна, успеав да го завршам и отидов дома “, објасни таа.

Во текот на ноќта таа се борев со висока температура, а изутрината ме однесоа во  Ургентниот центар.

“Од реакцијатата на лекарите, сфатив дека работите не се толку едноставни. Лекарите видоа избледени капилари на моето лице … Никој не знаеше што е тоа. Откако ја дијагностицираа болеста и започна борбата. Ситуацијата се менуваше буквално од минута до минута. Борбата траеше два месеци.

Лекарите се бореа за мојот живот, но јас бев на лекови и како да се наоѓав во некој меѓупростор, ако можам така да го наречам и не знам што се случувало. Најтешко им беше на членовите на моето семејство.

Маја ги надмина сите проблеми и сега живее среќно со своето семејство во нејзиниот дом.

To top