Радио Милева

Превозбудена наздрави со шише шампањ: Вака Тамара славеше по завршувањето на Евровизија (фото)

Превозбудена наздрави со шише шампањ: Вака Тамара славеше по завршувањето на Евровизија (фото)

Повеќе од една недела, Тамара Тодевска и нашиот евровизиски тим ја живеат возбудата во Тел Авив – Израел каде вчеравечер заврши 64-то издание на Евровизија 2019 со победа на Холандија.

Уверени дека со добра песна созданена од вистинскиот тим ќе допрат барем во топ 10, стана реалност, па дури и подобро од тоа.

Македонија учествува на Евровизија од далечната 1998 година, но никогаш не сме покажале позначен пласман и не сме доживеале поголема еуфорија како онаа вчеравечер.

По прогласувањето на победникот, не спласна возбудата кај македонскиот тим, кој на чело со Тамара славеше со шампањ пред хотелот.

Честа да го „пукне“ шишето ја имаше секако таа, најгордата, кој од преголема среќа едвај се држеше на нозе.

Солзи, смеа, адреналин…измешани емоции кои сме сигурни дека нема никогаш да ги заборави.

На социјалната мрежа Инсатграм Тамара објави снимки  од тоа што се случувало откако се изгасија светлата на спектакуларната сцена во Тел Авив.

Во едно од интервјуата дадени за Македонската телевизија по првата полуфинална вечер, Тамара изјави дека се додека не види, не верува во ништо кога е во прашање пласманот.

Но, сега нејзиниот сон се оствари, среќните чевли кои ги носеше како амајлија треба да ги има почесто на себе, а мајчинство кое ја инспирираше, беше клучот дека токму таа љубов, најчистата и највозвишената ја донесе на врвот!

To top