Македонската водителка и новинарка Анастасија Деа Богдановска и нејзиниот сопруг Богдан Илиевски претходното лето за првпат станаа родители.
Имено, Деа и Богдан ја добија ќерка за која го одбраа името Дениција.

Од тој момент, секој слободен миг, водителката го посветува на својот нов член на семејството и уживаат во заедничките моменти создавајќи спомени.
Анастасија на својот „Инстаграм“ редовно објавува фотографии со наследничката посветувајќи и емотивни пораки, дели совети за мајчинството, покажува како го поминуваат времето заедно.
Овојпат Деа во кусите приказни на „Инстаграм“ покажа преубав дел од нејзиниот дом.
Имено, таа го покажа погледот од тераса од својот дом во ноќ, а од него се гледа целиот град односно Скопје.

Ваквиот поглед е вистинско уживање и за очи и за уши, па сигурно водителката често се релаксира уживајќи во глетката од балконот. Кој не би посакал да има ваков поглед…