Учесничката во реалното шоу “Парови” Александра Суботиќ вчера заврши во Ургентниот центар во Белград, по насилствотошто наводно врз неа го направил нејзиниот поранешен партнер Александар Чабаркапа, од кого таа тврди дека ја има ќерката Магдалена, а тој тоа го негира.
По здравствениот преглед, Александра ја напуштила оваа здравствена установа со вратоврска од завои околу нејзиниот врат, а потоа одлучила јавно да објавува фотографии од нејзините повреди.
Покрај повредите на вратот, таа има модринки под очите, како и рани во пределот на градите и на рацете.
„Понекогаш сликата зборува повеќе од 1000 зборови. Насилството треба да се спречи веднаш. Ви благодарам на сите за голема поддршка!“ – напишала таа.
Александра минатата ноќ им раскажала на локалните медиуми за инцидентот:
“Тргнав со мојата пријателка и ќерка ми во трговски центар, а пред тоа претрчав до блиската трафика да купам нешто. Во тој момент, го видов Чабаркапа кој ме пречека и излезе од автомобилот. Се паркираше, излезе и почна да ми се заканува. Рече дека со куршум ќе ми го разнесе мозокот. Ми удри три шлаканици и ме влечеше за градите, каде што ми зададе неколку рани. Ќерката само стоеше и гледаше, таа претрпе голема траума. Бев шокирана и потресена – изјави за Ало, Суботиќ.
Сепак, Чабаркапа негира дека ја истепал Александра, кој веднаш го пријавила во полиција.
„Се сретнавме, таа пријде и ме нападна дека не го признавам детето. Знам дека ова дете не е мое, нека е живо и здраво. Таа ме удри со шлаканица, а јас само ја оттурнав, тоа е сè. Јас не ја удрив.Таа ќе биде одговорна за пријавувањето в полиција. Се е снимено на безбедносните, па сè ќе биде видливо. Таа е професионална ку*ва и се обидува да биде во медиумите, па ја обманува јавноста“ – ќе изјави Чабаркапа за српски Телеграф.