По завршувањето на третата сезона на популарната македонска хумористична серија „Преспав“, гледачите со нетрпение го очекуваа новото продолжение од омиленото раководство на пансионот „Преспав“.
По толку чекање, сега се брои ситно до стартот на 4-та сезона која ќе започне со емитување на 18-ти декември на МРТ1.
Прашања околу тоа што ќе се случува во новите 20 епизоди, има многу, а сега откако е пуштен тизер трејлерот, стана малку појасно дека во „Преспав“ ќе владее лудило.
Па така, првата постава на актерската екипа останува речиси непроменета.
Во главните улоги се: Јелена Јованова, Тијана Дапчевиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Игор Џамбазов, Васил Зафирчев, Горан Стојановски, Адриан Азири и Дритон Вејсели. Дополнително, во четвртата сезона, Емра Куртишова како Исуара и Владимир Тулиев како Дончо му се придружуваат на главниот каст.
Освен тоа, очекувано, ќе се појават и нови ликови и гости во „Преспав“, а веќе на најавата е јасно дека ќе има доста хумор и со Сашко Коцев и гостите од Србија, Никола Којо и Анѓелка Прпиќ.
Како што е добро познато, преспанци не минуваат без музика и песна, а како тематски композитор и овој пат е задолжен Мите Димовски.
Во негововото студио „Тралала“, целата актерска екипа се собра во населбата Бардовци каде се создаваше музиката, па на некое време пансинот беше преселен таму.
За потсетување, со продуцирање на новите 20 епизоди од четвртата сезона, „Преспав“ ќе одбележи јубилеј – 100 епизоди од најуспешната ТВ серија во македонскиот медиумски простор.