Радио Милева
Празнична честитка по бугарски терк

Преслава од „Преспав“ иако цела сезона лебот го јадеше во Македонија, Бугарката дома си тера по свое: „Честит Свети Кирил и Методиј“, празник на бугарската писменост и култура!“ (ВИДЕО)

Преслава од „Преспав“ иако цела сезона лебот го јадеше во Македонија, Бугарката дома си тера по свое: „Честит Свети Кирил и Методиј“, празник на бугарската писменост и култура!“ (ВИДЕО)

Во последната сезона на хумористичната ТВ серија во домашна продукција „Преспав“, бугарската актерка Јана Маринова беше вистинско откритие.

Таа како гостинка од Бугарија ја толкуваше улогата на заводливата нова газдарица на пансионот „Преспав“ и на сите им остави добар впечаток: и како актерка и како појава и како личност. Ама очигледно сто тоа траеше само додека Бугарката лебот го јадеше во Македонија. Па дури ни тогаш…

Уште не вратена дома, Јана мома најпрвин со потсмев „го славеше“ Преспанскиот договор среде плоштад Македонија во Скопје, па сето тоа го овековечи со селфи пред фонтаната „Воинот на коњ“ и стаус под фотографијата! При тоа не заборави да нагласи по кој повод престојува во Скопје, а и да ги пофали македо0нските „прекрасни мажи (красиви маже)!“

Бугарската актерка очигледно си е верна на каузата, па она што ја учеле на училиште, доследно си го спроведува и слави и дома.

Така, вчерашниот празник, денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј по стариот бугарски обичај Јана си го присвои, па од улиците на бугарската метропола ја искористи можноста да го честита, како што вели, „Празникот на бугарската писменост и култура“!? Празнична честитка по бугарски терк!

Патем, не пропушти и да си ги изрекламира своите нови телевизиски и филмски улоги. Кога „тезгареше“ кај нас беше питома, тивка и заводлива, а по дома… „дива и среќна“!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Яна Маринова (@yanamarinova17) on

Останати вести од Радио Милева