Радио Милева

Преслава „и го смести“ на лутата ривалка: Галена го доби на видеолотарија нејзиниот нов албум (ВИДЕО)

Преслава „и го смести“ на лутата ривалка: Галена го доби на видеолотарија нејзиниот нов албум (ВИДЕО)

Фолк ѕвездата Галена ќе мора да го слуша новиот албум на нејзината колешка, Преслава, за кои се знае дека со години не се  баш во добри односи, дознава бугарски HotNews. Случајно или не, добродушното девојче и го смести на колешката да го добие на подарок нејзиниот проект „Изгори во љубов“,  во импровизирана лотарија на социјалнитемрежи. Во квиз лотаријата, фановите на пејачката мораа да тагнат своја пријателка или самите себе и така Галена влезе во игра.

„Медиумите повторно сакаат да си прават реклама, читаност и гледаност на грбот на Галена. Не е тајна дека овие лотарии можат да се манипулираат. Затоа избраа обожавател кој ја тагнал Галена“ – тврдат  налутените фанови на ривалката.

Неодамна, Преслава објави игра за нејзините најголеми обожаватели, од кои неколку беа во можност да го освојат нејзиното последно ЦД.

Во живо на Инстаграм, ѕвездата извлече неколку имиња, а меѓу добитниците на нејзиното ново ЦД  беше и Галена. Ова се дозна, откако беше објавено на официјалниот профил на Инстаграм на Галена.

Сепак, колку добитничката ќе биде среќна со својот подарок …?  Ќе знаеме само ако тоа таа го обзнани со јавна објава.

To top