Поминаа неколку месеци откако шеф Марк де Јонг не е дел од кулинарското шоу „Брза кујна“ каде беше цели седум сезони.
Тогаш оние кои се инволвирани во проектот беа со резервирани изјави околу тоа зошто шеф Марк заминал, па дури и самиот тој тогаш не ја кажа јавно причината за занимувањето, но се досега.
Откако од неодамна започна нов ТВ проект, тој реши и јавно да прозбори каде „лежи зајакот“, а исто така и да покаже дека за него не згаснала ниту љубовта за пред камерите, а најмалку за готвењето кое е негова примарна пасија и професија.
-Се случија некои осцилации во односот на екипата кон мене. Ситуации и зборови кои премногу ме повредија, ми ја одземаа енергијата и креативноста, не се чувствував повеќе среќен, а кога не си среќен, треба нешто да смениш, нели? Без љубов и позитивна енергија нема успех. Затоа и одлучив дека ми е потребен нов предизвик, нешто ново“, искрен е Марк вол интервјуто за Арткујна.мк.
Она што моментално го работи Марк де Јонг е нов телевизиско кулинарски проект насловен „Авантурите на Марк“. Баш како што е насловена неговата емисија, тој тргна во мисија да ја истражува Македонија, тадицијата, рецептите и нашата кујна за која отсекогаш знаел да каже дека му оставила силен впечаток.
Непосреден, дружељубив, креативен и инспоративен за нешто ново и поинакво како во случајот. „Авантурите на Марк се реализираат со мала екипа со која соработува, најголема поддршка му е сопругата Василка, а едно сино „Фиќо“ модифицирано.во електрично, е превозното средство со кое патува низ земјава.
ТВ проектот кој не е нешто ново, а сме го виделе на странските канали, но сепак е оригинално за наши простори.
Истото е поставено на Јутјуб и Телма телевизија. Новина кај Марк е тоа што неодамна со госпоѓа Василка патуваа во Обединетите Арапски Емирати, а се вселија и во нов дом во скопско Сопиште.
Нови авантури, нови зачини со многу љубов од кои не се сомневаме дека ќе се сервираат извонредни специјалитети.
фото:Инстаграм принтскрин/Јутјуб/Фејсбук