Мегафон

Премиера на „Јанѕа“ – документарен филм за ликот и делото на Блаже Конески

Премиера на „Јанѕа“ – документарен филм за ликот и делото на Блаже Конески

На 19 април во скопското кино „Милениум“ премиерно ќе биде прикажан документарниот филм „Јанѕа“ за ликот и делото на Блаже Конески. Филмот е во режија на Никола Т. Калајџиски, а како продуценти се јавуваат Дејан Димески и Петар Кочишки.

„Јанѕа“ е долгометражен документарен филм за животот и делотo на академик, поет, писател и еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик Блаже Конески. Филмот е направен според мотиви од Дневник по многу години на Конески.