Радио Милева секси до болка

Прељуба, страст, еротска дразба… Жешката Марина Тошиќ во љубовен триаголник(ФОТО+ВИДЕО)

Прељуба, страст, еротска дразба… Жешката Марина Тошиќ во љубовен триаголник(ФОТО+ВИДЕО)

Македонската пејачка од српско потекло со бугарска адреса на престој Марина Тошиќ, одново ги „запали“ социјалните мрежи. Се разбира, откако претходно ги „запали“ своите обожаватели и следбеници на истите.

На жешката Марина и зовреа „хормоните“, па сиот свој телесен раскош, порочниот изглед, набилданиот сексапил и сета страст која извира од неа ја преточи во ново задоволство…

За себе и своите обожаватели!

Сето тоа зачинето со неверството, еротска страст, искушение и љубовни возбудувања кои доминираат во најновото аудииовизуелно остварување на пејачката, зачинето со фотографии од снимањето.

Ако на тоа му се придодаде и  интригантниот љубовен триаголник со друга жена – нејзина колешка, пејачка…

Веројатно многумина ќе почнат да нагаѓаат што се случува во приватниот живот на пејачката, но ние ќе се задржиме само на најновото видео на фолк ѕвездата.

Имено, сето ова можете да го видите во заедничкиот проект на Марина Тошиќ и бугарската пејачка Димана, насловен “Нека го боли”.

Смели, дрски, провокативни… русокосата Марина и црнката Димана, толку многу ќе ги подгреат еротските мечти, што навистина „боли“…

Зашто ионака и обете се „секси до болка“! Впрочем, уверете се од видеото додека уживате во скокотливите кадри од истото.

To top