По минатогодишниот успешен настап, со одиграни 5 претстави, публиката повторно ќе има можност да ја види спектакуларната детска претстава, направена по истоимениот цртан филм „Маша и Медо“, но овој пат на поголема и поспектакуларна сцена.
Ова е идеална можност нашата најмлада публика да ги види своите омилени јунаци во живо. Руската актерска екипа, која специјално по овој повод доаѓа во Македонија, на децата ќе им ги претстави авантурите на „Маша и Медо“ одблиску.
Претставата ќе се оддржи на 16 декември 2017 год., со почеток во 17 часот, во ВИП арената „Борис Трајковски“ – која ќе биде целосно пренаменета и прилагодена за оваа намена.
Претставата ќе биде синхронизирана на македонски јазик.
Билетите ќе бидат пуштени во продажба од 22.11.2017 (среда), преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“ низ цела Македонија, во „Пола Југотон“, „Југотон“, цвеќарница „Розе“ – Веро 2, како и онлајн на Купи карти за се.