Радио Милева
новогодишна бајка

Префинето и со вкус: Ѕирнете во новогодишниот амбиент во домот на Мелита (фото)

Префинето и со вкус: Ѕирнете во новогодишниот амбиент во домот на Мелита (фото)

Речиси не постои дом каде во овој предновогодишен период не е украсена новогодишната елка.

Ниту познатите не ги одминува овој момент со покажување на новогодишното дрво во домот, па некои од нив се пофалија колку се потрудиле да го украси домот во празничен амбиент.

По Сузана Гавазова, шеф Никола, Александра Накова, Миа Костова, празничниот амбиент во домот го покажа и некогашната македонска водителка Мелита Ракиќевиќ.

Таа ја покажа елката која одлично се вклопува во нејзиниот ентериер, а тука  се и неколку новогодишни и зимски декорации.

Имено, таа на својот Инстаграм објави серија од неколку фотографии и покажа како изгледа новогодишната еуфорија во нејзиниот стан.

 

На трпезариската маса има и новогодишен чаршаф со декоративни новогодишни украси, Дедо Мраз, лампиони…

Ќе се согласите дека домот на Мелита за новогодишните празници наликува на бајка.

фото: инстаграм/мелита ракиќевиќ

Останати вести од Радио Милева