По пауза од речиси три години популарниот пејач Влатко Лозаноски – Лозано ќе настапи во Куманово. Последниот негов натап беше во 2019 година, а овојпат неговата средба со кумановската публика е закажана за петок, на 22-ри април, кога Лозано и неговиот бенд ќе настапат во дискотеката „Club Space Premium“.
Интересот очекувано е огромен, па поради тоа организаторите очекуваат влезниците да се распродадат за рекорно време во наредниве еден-два дена.
Инаку неодамна Лозано ја промовираше и својата најнова песна „После полноќ“ и буквално ја изненади публиката со новиот модерен звук.