На 13 декември ќе имате можност да го погледнете предновогодишното стенд-ап комеди-шоу на комичарот Марјан Ѓорѓиевски во Домот на АРМ.
Провокативниот македонски стенд-ап комичар е подготвен да им удри шлаканица на ефтините идеологии и скапите безобразлуци. Световите што никогаш нема да се разберат меѓу себе се на дневен ред, погледнати од поинаков агол.
Зошто брак? Зошо шопинг? Зошто кредитната ми е на нула… не, не ми е на нула, на минус 100.000 ми е. Зошто банките даваат кредити? Зошто Инстаграм и како Фејсбук им помага на жените.
Автомобилот повеќе од жена.
10 чекори до успешно влегување во тајниот хоризонт до срцето на една жена.
1 чекор до срцето на мажот.
Психологија за домаќинки и психологија за мажи кладилничари.
Татко и како не треба со децата.
Јавни фаци и како во Македонија да си славен.
Политичари и политика за неупатени, мал водич до МАКЕДОНСКАТА ЕСТРАДА.
Глупавите постапки на мажите, „детективскот“ пристап на жените се на анализа оваа вечер.
Форуми, просторот за слободно изразување.
Статуси и како фејсбук исцелува.
Реклами и како не е така.
Апликациите и светот на мобилните и како заборавивме да се дружиме.
Куќна слава, зошто не постираме слики на инста.
Мудрости од социјалните мрежи.
Нова година, што сè правевме, а сега не.
Како создаваме една претстава и како се снимаат народни приказни.
Марјан, кој нагласува дека за него клучен елемент во стенд-ап комедијата е острата социјална критика, настапува со нов материјал кој нема да ве остави рамнодушни. Билетите се пуштени во продажба и истите може да се набават преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com, во „Пола Југотон“ и цвеќарница „Розе“ – Веро 2.