Радио Милева
никогаш посекси...

Пред „Св. Валентин“, Ријана на себе ја промовира новата еротска колекција долна облека: Толку секси што би ја купиле без да зажалите дури и да немате кому да ја подарите

Пред „Св. Валентин“, Ријана на себе ја промовира новата еротска колекција долна облека: Толку секси што би ја купиле без да зажалите дури и да немате кому да ја подарите

Пејачката Ријана (33) најави нова колекција долна облека „Savage X Fenty“ која ќе се најде во продажба за Денот на вљубените, а за таа прилика позираше во неверојатно провокативни комбинации. Таа сега ја отвори својата прва продавница во Лас Вегас. Освен долна облека, ќе продава и спортска облека, но и козметика.

„Пред да купите цвеќе, погледнете ја мојата веб-продавница“ – стои на нејзината бренд страница како повик до сите оние кои ќе се одлучат за малку похрабар подарок.

Пејачката, а сега и претприемач, новата колекција ја промовираше разбирливо порво на себе, а нејзиниот атрактивен изглед никого не остави рамнодушен.

View this post on Instagram

 

A post shared by badgalriri (@badgalriri)

Таа позираше во црвено танга трико со длабоко деколте и гол грб.

Дизајнот на тантела го искомбинирала со мрежести најлонски чорапи во иста боја, а целата оваа секси комбинација ја заокружила со црно-црвена фризура.

Ријана – никогаш посекси, како и нејзината нова колекција, која би ја купиле без да зажалите, дури и да немате кому да ја подарите!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by badgalriri (@badgalriri)

Фото: Инстаграм принтскрин/badgalriri

Останати вести од Радио Милева