Српската пејачка Ивана Петерс преживеа пекол кога доживеа срцев удар среде снимање на емисија. Таа сега се присети на овој немил настан на својот Инстаграм профил.
На денешен ден пред шест години, пејачката со возило на брза помош била пренесена во болница, каде откриле дека има проблеми со срцето. За среќа, Ивана помина без поголеми последици.
– Шест години од срцевиот удар. Колку бев слаба и силна во исто време. Никогаш повеќе истото. Претпоставувам дека така оди. И, некое време после тоа бев како манекенка. Љубов кон сите што беа со мене, моите и сите пријатели кои беа вистински загрижени и ми испратија пораки. Првите две фотографии се од снимањето на РТС, направени половина час пред непријатниот настан. Кројачи и дизајнери на костуми – моја прва помош. Останаа непосредно по излегувањето од болницата – напишала Ивана.
View this post on Instagram
Патем, пред неколку години, Ивана зборуваше за срцевиот удар и опиша како се чувствува.
– Болката беше неописливо силна и мислев дека никогаш нема да престане. Се онесвестив во таа агонија и кога се освестив, следеше шок. Јас, млада жена која сè уште не наполнила 40 години и жесток поддржувач на веганската диета, доживеав срцев удар пред камера, среде снимање на емисијата – рече тогаш и додаде дека чувствувала тешкотии претходно.
– Недостаток на здив и замор дури и при искачување на вториот кат, трчање по автобусот и местење на креветот наутро не беа доволна причина да сфатите дека нешто не е во ред се додека не почувствував неопислива болка на снимањето на емисијата, која никогаш не запре . Среќата во несреќата беше што тогаш се онесвестив, бидејќи ако бев свесна, веројатно ќе ја игнорирав таа болка како и сите претходни тешкотии и ќе си одев дома. На тој ден, и покрај веганската диета и релативно младата возраст, доживеав срцев удар, а тој непријатен настан сега е предупредување за целиот мој живот – рече Ивана.