На едно од последните снимања на „Ѕвездите на Гранд“, наводно дошло до конфликт меѓу Драган Стојковиќ Босанац и водителката Сања Кужет.
Имено, еден од кандидатите ја поканил Сања да дојде на сцената и да игра, а таа прифатила. Бидејќи е згодна и атрактивна и знае убаво да игра, овој настап на Кужет не останал незабележен.
Кога водителката започнала да меша со колкови, Босанац ја снимил и дофрлил: „Сега сите ќе видат како нашата водителка меша со колковите“, а таа веднаш му одговорила: Не ме ставај на Инстаграм, што ме снимаш?.
Композиторот не останал должен, па веднаш и одговорил:
„Што ти фали, убава си и знаеш да играш“, но Сања наводно ја завршила дискусијата не сакајќи да се расправа со повозрасен соработник.
Инаку, на 26 јуни е финалето на „Ѕвездите на Гранд“, а публиката ќе го бира победникот.