На 18 декември започнува петатта сезона на „Преспав“, а публиката со нетрпение го очекува емитувањето на првата епизода од петотто продолжение.
Коста, Ула, Миле, Тони, Марио, Дончо, Наим, Талат, Јелена… се собраа во пансионот за да ги снимат новите епизоди со кои сигурно ќе ве насмеат.
Актерот Адриан Азри кој ја игра улогата на Наим во „90 секунди“ одговараше на разни прашања, па така откри кој газда најмногу го нервира, што мисли за Ула, што би одбрал вечер со Ула или викенд со Преслава…
Тешко ли е да си биде партнер во Преспав?
- „Па види, тешко е, но Наим може се“.
Кој те нервира најмногу во пансионот?
- Оној Коста.
Опиши ја Ула во три збора?
- Убава, силна и за мене многу важна.
Наим, не е Наим без…
- Ташничка..
Со кој газда најдобро се разбираш?
- Со себе.
Вечер со Ула или викенд со Преслава?
- Секако дека со Ула.
Каде за Нова година?
- Нормално во „Преспав“.
Инаку, Наим успева да го раководи и „Преспав“ и секогаш да изнаоѓа решение за згодите и незгодите во пансионот.
Бизнисот на актерот му оди и во приватниот живот, па тој е сопственик на позат бар во Тетово.
Целото интервју може да го погледнете во видеото подолу.