Американската пејачка Аријана Гранде стана најследена жена на Инстаграм, која верувале, или не, има повеќе од 200 милиони следбеници на оваа социјална мрежа.
Во исто време, таа е втора најследена личност на Инстаграм, а пред неа е само фудбалерот Кристијано Роналдо, кој има 238 милиони следбеници.
Селена Гомез е близу до бројката од 200 милиони, со 190 милиони следбеници, додека Кајли Џенер има 193 милиони.
Аријана ја достигна оваа бројка неколку часа по настапот на музичките награди МТВ, каде што беше придружувана од Лејди Гаги.
Двете ја изведоа песната „Rain on me“, за која добија и награда.
Аријана освои уште неколку награди за нејзиниот дует со Џастин Бибер, „Stuck with you“.