Кумановецот Дарко Спејко кој победи во реалното шоу „Големиот брат “, од неодамна е еден од највлијателните инфлусенери во Македонија.
Имено, тој е првиот маж на кого му е верификуван „Инстаграм“ профилот.
До неодамна тој беше во врска со исто така познатата инфлуенсерка и блогерка Љупка Митрова.
Познатиот пар често на социјалните мрежи објавуваше заеднички фотографии, видеа, фотосесии….
Исто така на секоја објава на социјалните мрежи си ставаа „лајкови“ и коментари.
Меѓутоа, тоа одеднаш престана. Ни Љупка, ни Спејко не ставаат заеднички фотографии, ниту пак си коментираат.
Отаму започнаа шпекулациите дека наводно парот раскинал.Ниту Љупка, ниту Спејко не се огласуваа по тој повод.
Меѓутоа, Дарко вчера гостин во емисијата „Бекстејџ“, а во истата емисија одговори на прашањето дали се уште е во врска со Љупка.
„Никогаш тоа не сум го потврдил, ниту демантирал.Немам коментар. Кога веќе ја спомна Љупка, го почитувам тоа што го прави и се сложувам дека е една од највлијателните инфлуенсерки во Македонија“ вели Спејко.
Од друга страна, Дарко истакна дека ќе гостува во спот на Раста и тоа заедно со Сандра Африка.
Спејко истакна дека добил и понуда за учество во реално шоу, но бидејќи шоуто е при крај, размислува да прифати понуда и од септември да влезе во некое од поновите реални шоуа.
Дали тоа ќе биде така останува да видиме.