Неодамна беше ограбен домот на директорот на „Гранд“, Саша Поповиќ, сместена во луксузниот дел на Белград, а беше украден сефот и семејните часовници.
За тоа проговорија и соседите на семејството Поповиќ кои велат дека тоа сигурно го направил некој од неговите луѓе, бидејќи на толку камери, рампа и обезбедување, невозможно е да не биде ништо забележано.
Инаку, иако на телевизија делува како народен човек, Саша сепак живее повлечено. Соседите велат дека не го гледаат често.
-Никого не гледаме. Постојано ги носат и враќаат лични возачи, а не се дружат ниту со останатите кои живеат во населбата, освен со Кеба со кого трчаат на играчиштето зад неговата вила. Веројатно не сака да се дружи бидејќи е познат, а такви се јавните личности, вели една постара госпоѓа за српски Ало и додава дека не ги сретнале ниту во маркети.
-Сигурно имаат помошници кои тоа го прават за нив, завршуваат соседите.