Македонија е пред фудбалска историја. Натпреварот што се чека цел живот колку и да изгледа како „невозможна мисија“, оваа репрезентација покажа дека чудата се возможни и тоа н во неколку наврати… Пласманот на ЕП 2020 беше првото, победата над Германија на гости второто, она од пред неколку дена во Палермо и победата над Италија третото… Па тогаш зошто да не се случи и „чудо над чудата“, кое ќе ја испише историјата… Онаа – нашата, македонска, фудбалска – Македонија на светско!
И додека сите со душа и срце „чудото“ со нетрпение го очекуваме, Панчо – ДНК, инаку познат како страствен спортски фан, особено кога е фудбалот во прашање, се најде пред нов предизвик. Или поточно, самиот си го постави. И тоа истото оноа што еднаш веќе го стори! А кога ДЈ Шорти ќе вети – нема назад. Ветеното мора да се исполни!
Така направи тогаш, по пласманот на нашите фудбалери на ЕП 2020 кое заради коронапандемијата се играше година дена подоцна во 2021-та. А, Панчо откако Пандев и другарите тогаш „ја решија“ Грузија во финалниот бараж и обезбедија историско прво учество на едно европско првенство си ги истетовира на левата нога: Македонското знаме, името на татковината, логото на ЕП и комплетниот состав со имињата на фудбалерите сосе името на тогашниот селектор Игор Ангеловски! Ако е историја нека стои испишана за навека! Но и редок пример за специфичен и необичен излив на патриотизам!
Арно ама, по првата, сега македонските фудбалери се на чекор да испишат и нова историја… по европската, светска! А Панчо е на чекор као тоа се случи да исполни уште едно ветување што си го дал сам на себе си. Ако ја победиме Португалија и Македонија се пласира на СП во Катар, ќе следува нова тетоважа, налик на онаа за пласманот на ЕП.
„Ми мириса дека ќе отиде и десната нога“ – сподели Панчо на Фејсбук полн со оптимизам како и целата нација, потсетувајќи на претходната тетоважа! А сите ние се разбира, едвај чекаме да го видиме повторо тетовиран!
П.С. Единствено не секира Тамара, која откако „случајно“ ја утна химната, си ја истетовира „утката“ на телото, за „казна и покајание грешним“…
Арно ама, како тргнале овие од власта се’ да менуваат, од знаме до име, ќе биде проблем ако следнот „компромис“ биде химната и нејзините стихови, како што оддамна бараат „браќата“ коалициони партнери… Дали тогаш пејачката ќе мора да „дотетовира“ на себе уште некои зборови или имиња со „нови ликови“ од нивните „славни денови“?
Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/Vladimir Blazev/tamaratodevska