Ана Севиќ помина низ лош период откако се разведе од сопругот, пејачот Дарко Лазиќ. Ана и Дарко заедно го уредија станот каде што живееа, а по разводот и припадна на Ана.
Соседите на Севиќ велат дека пејачката ретко доаѓа во тој стан и многу малку време поминува во него.
„Не ја видов 2,3 месеци откако направи селфи пред зградата. Порано излегуваше со Дарко. Сега поминува набрзина. Мојата тераса гледа во нејзината, но не ја гледам да седи тука.
Еден господин објасни дека Ана Севиќ е љубезна, но дека не и се допаднало што на интерфонот го ставил нејзиното презиме, а не Лазиќ.
„Јас ставив Севиќ, бидејќи Дарко го нема. Ана ништо не ми кажа бидејќи не знаеше кој го направи тоа. Слушнав дека не и се допадна, но сега не и пречи, вели соседот кој не сакаше да го открие идентитетот.
Тој вели дека е љубезна и секогаш знае да се поздрави.
„Секогаш се поздравува: дедо како е, а така беше и кога беше со Дарко. Беа убав пар, почнаа да го уредуваат станот кој има 150, 200 квадрати. Сега што има меѓу нив, зошто се разведоа, кој ти знае“, вели соседот на Ана.
Другите соседи на ја гледаат Ана со новиот партнер.
„Не доаѓа со новото момче, ни со детето не ја гледам. Сигурно има друг стан“, вели госпоѓата која живее до зградата на Ана.
Меѓутоа, има и од оние кои мислат дека Севиќ е вообразена.
„Никогаш не се поздравува, се однесува како магистер и да ги има сите дипломи на светот, вели една сосетка на Ана.