Македонската кошаркарка легенда, Благоја Георгиевски – „Буштур“ пред тешката сообраќајка во која го загуби животот, бил на вечера на која присуствувал и легендарниот босански пејач на „Бјело Дугме“ и „Дивље Јагоде“, Ален Исламовиќ.
„Утринава во сообраќајна несреќа во Скопје загина легендарниот кошаркар Благоја Георгиевски – Буштур. Минатата вечер се дружевме на заедничката вечера. Нека му е вечна слава и големо и искрено сочувство на неговото семејство, пријателите и љубителите на македонската кошарка. Вечно ќе бидеш во нашите срца Благоја“ – напиша пејачот на својот Фејсбук профил.